Прекуграничниот форум на граѓанските организации во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прекуграничниот форум на граѓанските организации во медиумите PDF Печати Е-пошта
Сабота, 24 март 2012 11:30

Медиумите покажаа интерес за започнувањето на првиот „Прекуграничен форум на граѓански организации“ . Подолу се објавените информации за тоа.

Со соработка до бришење на границите меѓу Македонија и Албанија

За надминување на граничните бариери и иницирање поголема меѓусебна соработка на граѓаните на Македонија и на Албанија во Дебар се одржува прекуграничен форум на граѓански организации

Извор: Нова Македонија

Дебар и Пешкопеа заедно конкурираат до европски фондови

Општините Дебар и соседната албанска општина Пешкопеа се пример за успешна меѓугранична соработка. Во досегашниот период освен што аплицирале за фондови од ИПА програмата, главно од еколошки профил, тие имаат добра соработка во сферата на културата, спортот, здравството.

Извор: Дневник

Отворен форум за граѓански организации од пограничниот регион на Македонија со Албанија

Во Дебар денеска е отворен форум на граѓански организации од пограничнот регион на Македонија со Албанија.

Извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски изјави дека целта е да се зголеми информираноста и да се подобри меѓусебната соработка на организациите од пограничниот регион.

Извор: Прес 24

Отворен форум од пограничниот регион на Македонија со Албанија

Во Дебар денеска беше отворен форум на граѓански организации од пограничнот регион на Македонија со Албанија, каде извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Александар Кржаловски изјави дека целта е да се зголеми информираноста и да се подобри меѓусебната соработка на организациите од пограничниот регион.

Извор: Журнал

Само со соработка се уриваат прекуграничните бариери

Дебар беше домаќин на Форум за граѓански организации од пограничниот регион на Македонија со Албанија, на кој учествуваа деведесеттина организации и институции од повеќе градови од пограничните градови од двете земји. Оценка е на сите дека со сработката се уриваат прекуграничните баиери и се создаваат услови за општ развој на овие подрачја.

Извор: Канал 5

Во Дебар средба на граѓанските организации на Македонија и Албанија (1 март)

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), заедно со Институтот за демократија и медијација (ИДМ) од Тирана и ЕД „Дешат“ од Дебар организира форум. Форумот ќе биде за граѓанските организации од пограничнот регион на Република Македонија со Република Албанија. Средбата ќе се одржи на 23 и 24 март 2012 г. во Дебар.

Извор: Инпрес

 

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите Прекуграничниот форум на граѓанските организации во медиумите