Медиуми: Граѓаните за работата на Владата Печати
Вторник, 15 ноември 2011 16:55

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), ги истражуваа мислењата на граѓаните за работата на Владата на РМ и поддршката за одредени владини политики и проекти. Во продолжение се написите во медиумите.

Обединувачкиот воз што го најавија кошаркарите трга

Илија Димовски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ рамо до рамо со опозиционерите Марјанчо Николов од СДСМ и со Андреј Жерновски од ЛДП застанаа со велешани во одбрана на нивната битка за чист град без топилница. Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ и Џевад Адеми од ДУИ заеднички со Николов од СДСМ влегоа во одбрана на дигнитетот на Собранието против извршната власт што не предвидела пари за граѓанските канцеларии на пратениците, а сака да им протне собраниска телевизија.

Извор: Нова Македонија

Граѓаните за доброто се согласуваат со Владата, за лошото со Брисел

Повеќе од половина испитаници, 54,1 отсто се изјасниле дека ја одобруваат работата на владиниот кабинет, а 37,8 проценти дале негативен одговор. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните, без оглед на етничката или партиската припадност

Извор: Нова Македонија

Албанците не се задоволни од Владата колку што се Македонците

Мнозинството граѓани генерално ја одобруваат работата на Владата. Економијата, пак, е приоритет за граѓаните, сеедно на која партија или етничка заедница и' припаѓаат.

Во анкета на Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведена од 4 до 6 ноември, 54,1 проценти од 1.110 испитаници се изјасниле дека ја одобруваат работата на Владата, а 37,8 проценти одговориле негативно. Притоа, мнозинство испитаници од македонската етничка заедница ја поддржуваат работата на Владата - 60 проценти. Затоа, пак, мнозинството етнички Албанци 61,5 проценти се изјасниле дека не ги одобруваат политиките на извршната власт.

Извор: Утрински весник

Мнозинството граѓани ја поддржуваат работата на Владата

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните, без оглед на етничката или партиската припадност. Тоа се дел од заклучоците од анкетата што ја спроведоа Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од 4 до 6 овој месец врз 1.110 испитаници.

Извор: Вечер

Анкета: Мнозинството граѓани генерално ја поддржуваат работата на Владата

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност.

Извор: МТВ

Анкета на ИД и МЦМС: 54% од граѓаните задоволни од работата на владата во првите 100 дена

Повеќе од половината македонски граѓани се задоволни од работата на владата во првите сто дена. Над 54 проценти се изјасниле позитивно во анкетата спроведена од Институтот за демократија и МЦМС. 37.8 проценти рекле дека не ја одобруваат работата на владата во првите 100 дена.

Извор: Канал 5

Мнозинството граѓани генерално ја поддржуваат работата на Владата

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти.

Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност. Тоа се дел од заклучоците од анкетата што ја спроведоа Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од 4 до 6 овој овој месец врз 1.110 испитаници.

Извор: 24 вести

Анкета: Мнозинството граѓани генерално ја поддржува работата на Владата

54 проценти, во анкетата на Институтот за демократија и Македонскиот центар за меѓународна соработка, одговориле дека ја одобруваат работата на владата. 37 проценти, па ке се согласуваат со тоа како функционира извршната власт.

По сектори Министерството за здравство е и најдобор, но иствореме и најлошо оценето. Кога испитаниците одговарале на прашањето кое министерство најдобро ја работи својата работа, 22,8 се изјасниле за здравство, 14 за МВР, 10 министерството за правда.

Извор: Сител

Анкета на МЦМС и Институтот за демократија: Половина од граѓаните ја подржуваат работата на владата во првите 100 дена

Над половината македонски граѓани се задоволни од првите 100 дена работење на владата. 54% се изјасниле позитивно во врска со ова прашање во анкетата спроведена од Институтот за демократија и МЦМС. 37.8% анкетирани граѓани одговориле дека негативно го оценуваат работењето на владата. Над половина испитани граѓани сметаат дека владата работи добро во процесот на евроатланските интеграции, меѓуетнички односи и борбата против криминалот и корупцијата,

За останатите стратешки цели: економскиот развој и образованието, граѓаните се поделени во своите мислења.

Извор: Скај

Над половина од граѓаните ја одобруваат работата на владата

Мнозинство од македонските граѓани ја одобруваат работата на владата, покажува истражувањето на Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведено по повод 100-те дена од нејзиното формирање.

Според истражувањето, повеќе од половина испитаници (54.1%) одговориле дека ја одобруваат работата на владата, додека малцинство на граѓани (37.8%) рекле дека не ја одобруваат.

Во однос на владините стратешки приоритети - три од пет се позитивно оценети.

Извор: Макфакс

Анкета: Мнозинството граѓани ја поддржуваат работата на Владата

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност.

Тоа се дел од заклучоците од анкетата што ја спроведоа Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од 4 до 6 овој овој месец врз 1.110 испитаници.

Повеќе од половина испитаници, 54,1 процент, се изјасниле дека ја одобруваат работата на Владата, а 37,8 проценти дале негативен одговор.

Извор: Нетпрес

Анкета - Граѓаните ја поддржуваат работата на Владата

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти.

Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност.

Извор: Инпресс

Институтот за Демократија и МЦМС си играле весела математика?!

Безмалку 105% од анкетираните граѓани го кажале својот став наанкетата на МЦМС и Институтот за Демократија. Вакви чудни бројки, утрово стигнаа во редaкциите на медиумите за анкетата посветена на прецепциите на граѓаните по првите 100 дена работа на Владата, објави предмалку „Прес 24".

Извор: Плусинфо

Мнозинството со позитивно мислење за Владата и за „Скопје 2014"

Заклучоците од анкетата се дека мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност.

Повеќе од половина испитаници, 54,1 процент, се изјасниле дека ја одобруваат работата на Владата, а 37,8 проценти дале негативен одговор.

Извор: Курир

Анкета: Мнозинството граѓани ја поддржуваат Владата и 'Скопје 2014'

Мнозинството македонски граѓани на генерално ниво ја одобруваат работата на Владата, иако има разлики во поддршката за конкретни владини политики и проекти. Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничката или партиската припадност.

Извор: Таратур

Здравството најдобро и најлошо за Македонците, а судството најдобро за Албанците

Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), ги истражи мислењата на граѓаните за работата на Владата на РМ и поддршката за одредени владини политики и проекти за изминативе 100 дена на новата влада. Македонците најмногу се произнесле за министерството за здравство, за нив е и најдобро но и приближно исто толку лошо, додека за Албанците најдобро работи министерството за правда.

Извор: Журнал

Извор: Точка