Анкета за рејтингот на политичките партии Печати
Вторник, 31 мај 2011 10:34

Во период од 26 до 28 мај 2011 година, истражувачкиот тим на Институтот за демократија ја спроведе последната анкета пред оддржувањето на предвремените парламентарни избори за рејтингот на политичките партии во Република Македонија. Истражувањето е спроведено од ИДСЦС а поддржано од МЦМС, надвор од нивната воспоставена соработка за набљудување на изборите „Мојот избор 2011". Во прилог се објавите во медиумите.

ИДСЦС: ВМРО-ДПМНЕ - 48 пратеници, СДСМ – 37

Ова се резултатите од симулација на распоредот на пратеничките мандати која Институтот за демократија (ИДСЦС) ја направи врз основа на последната анкета за рејтингот на политичките партии, пред одржувањето на изборите на 5 јуни.

НДП би имала 3 пратеници, Обединети за Македонија, ВМРО-Народна партија и Нова демократија би освоиле по две пратенички места, а ЛДП-1.

Од вкупниот број на испитаници 19, 4 отсто рекле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, за СДСМ- 15, 1, за ДУИ-6,9, а за ДПА-3,9.

Извор: Форум

СДСМ победува само во своја анкета!

МЦМС, во рамките на своите активности за следење на вонредните парламентарни избори ги следи и објавите на разните агенции за рејтингот на политичките партии.

Во овој извештај е презентиран преглед на последните објави на осум агенции пред претстојните избори на 5 јуни 2011 година.

Во извештајот споредбено се дадени рејтинзите на партиите, проценка на предвидениот број на освоени гласови што вклучува и проценка за излезноста на изборите и на крај, за оние агенции кои самите објавиле проценка на предвиден број пратеници, прикажана е и таа споредба по партии и агенции. Сите анкети без исклучок, се однесуваат на изборите на територијата на Република Македонија, без дијаспората.

Извор: Вечер

Американски Институт за демократија: ВМРО 48,СДСМ 37 пратеници

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори ќе освои 48 пратенички мандати, нејзиниот сегашен коалиционен партнер ДУИ 16, додека опозиционите СДСМ 37 пратеници, а ДПА девет мандати во новиот парламентарен состав.

Извор: МТВ

ИДСЦС: ВМРО-ДПМНЕ - 48 пратеници, СДСМ - 37

На претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоиле 48 пратенички мандати, СДСМ-37, ДУИ-16, а ДПА-9.

Ова се резултатите од симулација на распоредот на пратеничките мандати која Институтот за демократија (ИДСЦС) ја направи врз основа на последната анкета за рејтингот на политичките партии, пред одржувањето на изборите на 5 јуни.

Извор: Макфакс

Анкета: За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 19.4 отсто гласачи, а за СДСМ 15.1

На предвремените парламентарни избори на 5-ти јуни за ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 19.4 отсто, за СДСМ 15.1 отсто од граѓаните, покажа последното истражување за рејтингот на политичките партии на Институтот за демократија со поддршка на МЦМС спроведено во периодот од 26 до 28 мај, врз репрезантативен примерок од 1.111 испитаници.

Извор: Нетпресс

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се доближуваат

За ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат 19, 4 отсто, за СДСМ 15, 1 отсто од граѓаните на парламентарните избори на 5 јуни, покажа анкетата на Институтот за демократија со поддршка на МЦМС спроведено во периодот од 26 до 28 мај, врз репрезантативен примерок од 1.111 испитаници.

Извор: Плус инфо

Американски Институт за демократија: ВМРО 48,СДСМ 37 пратеници

Владеачката ВМРО – ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори ќе освои 48 пратенички мандати, нејзиниот сегашен коалиционен партнерДУИ 16, додека опозиционите СДСМ 37 пратеници, а ДПА девет мандати во новиот парламентарен состав.

Извор: еРепортер

ИДСЦС: ВМРО-ДПМНЕ - 48 пратеници, СДСМ - 37

На претстојните парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ би освоиле 48 пратенички мандати, СДСМ-37, ДУИ-16, а ДПА-9.

Ова се резултатите од симулација на распоредот на пратеничките мандати која Институтот за демократија (ИДСЦС) ја направи врз основа на последната анкета за рејтингот на политичките партии, пред одржувањето на изборите на 5. јуни.

Извор: Кајгана

Институт за демократија: ВМРО-ДПМНЕ 19,4, СДСМ 15,1 отсто

Доколку денеска се одржат избори, ВМРО-ДПМНЕ би добила најмногу гласови односно 19,4 отсто, додека за опозициската СДСМ би гласале 15,1 отсто од граѓаните. Врз основа на ова истражување ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори би добила 48, а СДСМ 37 пратеници

Извор: Кирилица

Извор: Точка