Регионална работилница за улогата на граѓанските организации во ситуации на конфликт (медиуми) Печати
Понеделник, 28 Февруари 2011 00:00

Некои од медиумите ја пренесоа веста од регионалната работилница за улогата на граѓанските организации во ситуации на конфликт.

Конференција за улогата на граѓанските организации во ситуации на конфликт

На форумот покрај од Македонија, ќе учествуваат претставници и на граѓански организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора кои имаат искуство во работењето во ситуации на конфликти. На отворениот форум ќе се разговара за потребите и предизвиците на граѓанските организации за време на конфликт и во постконфликтен период.

Извор: Курир

 

Граѓански форум - Улогата на НВО во време на конфликт

Денеска во Скопје започнува дводневната Регионална тематска работилница за ефективноста на граѓанските организации во ситуации на конфликт.

Учесници се претставници на граѓански организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска, Црна Гора и Македонија кои имаат искуство во работењето во ситуации на конфликти.

Извор: Ин пресс