Буџетските пари наменети за граѓанскиот сектор, се и за политички партии Печати
Петок, 28 јануари 2011 14:27

Во написот на Нова Македонија за распределбата на буџетски пари наменети за граѓанскиот сектор, е пренесена изјавата на Емина Нурединоска.

Партиите влечат буџетски пари наменети за НВО

Ставката во буџетот што се нарекува „трансфери за невладините организации“ не се однесува само на нив. Овие средства не му се доделуваат само на невладиниот сектор, туку тука влегуваат и политичките партии.

Додека во другите земји невладините организации добиваат околу педесет проценти од средствата што им се потребни за функционирање како директна поддршка од државата, во Македонија овој сектор од државата се поддржува само со околу пет проценти. Директната финансиска поддршка од државата е практика во сите земји, бидејќи граѓанските организации даваат придонес кон демократскиот и економскиот развој и просперитет на државата. Колку за илустрација, во Германија и во Холандија поддршката од државата изнесува 64 проценти, односно 59 проценти, во Велика Британија е 45 проценти, а во САД 31 отсто.

Извор: Нова Македонија (27 јануари 2011)