МЦМС во медиумите - Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МЦМС во медиумите
Медиумите за „Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста“ PDF Печати Е-пошта
Четврток, 27 септември 2012 12:30

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) во јули 2012 г. спроведоа истражување за ставовите на граѓаните за надворешната политика на Република Македонија и односите со Европската Унија (ЕУ), што се состои од прашања кои се однесуваат на стратешката ориентација на Македонија во надворешната политика и постигнувањата на Владата на тој план, како и на процесот на интеграцијата во Европската Унија. Следат објавите на медиумите за „Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста

 
Медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 септември 2012 11:01

Институтот за демократија (ИДСЦС), во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во периодот помеѓу 14 -17 Септември 2012 година спроведе телефонска анкета за актуелни прашања. Тема на истражувањето беше мерење на перцепциите и ставовите на граѓаните во врска со актуелни аспекти на политичката криза, поклонување пред споменикот на ОНА во Слупчане и потербата од извинување. Следат објавите на медиумите за „Истражување на ИДСЦС во соработка со МЦМС

 
Медиумите за „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 септември 2012 10:24

Институтот за демократија „Societas Civilis“ - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во јули 2012 г. ги истражуваа ставовите и перцепциите на граѓаните за теми од домашната политичка сцена, преку прашања поврзани со рејтинзите на политичките партии и предизборните здружувања помеѓу политичките партии. Следат објавите на медиумите за  „Рејтинзи на политичките партии и предизборно здружување“.

 
Југоинфо: Василево и Босилово со ,,Меѓуопштински форум на заедницата,, PDF Печати Е-пошта
Среда, 26 септември 2012 00:00

Во четврток 27.09.2012 со почеток во 19.30 во ресторанот ,,Мис Стон,, во Василево ќе се одржи првата форумска сесија во рамки на програмата ,,Форуми во заедницата,, што општините Василево и Босилово ќе ја спровeдат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна сорабока како имплементирачка организација. Станува збор за меѓуопштински форум  финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, која издвои 3 400 000 денари за реализација на проекти од интерес на граѓаните на двете општини а во кои финансиски ќе учествуват и двете локални самоуправи со по 1 700 000 денари. Ова значи дека граѓаните на општините Василево и Босилово сами ќе одлучуваат за што ќе бидат искористени средствата во висина од 6 800 000 денари од ова програмата ,,Форуми во заедницата,,.

Извор: Југоинфо (26.09.2012)

 
Дневник: Главната улица темелно ќе биде обновена PDF Печати Е-пошта
Понеделник, 17 септември 2012 00:00

Главната улица темелно ќе биде обновена

Проектот е избран како приоритет од граѓаните, а инвестицијата од 4 милиони денари ја обезбедуваат Швајцарската агенција за развој и локалната самоуправа

Најкритичниот дел од главната улица во Kрива Паланка, на локалитетот кај Старата чаршија, конечно ќе биде реконструиран, со што ќе се заврши обновувањето и уредувањето на делницата во централното градско подрачје. Овој проект се реализира како дел од програмата „Форуми во заедницата“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Самите граѓани на Kрива Паланка одбраа со парите од програмата да биде изградена улицата, како најприоритетен проект за општо добро.

Извор: Дневник (17.09.2012)

 


Страна 5 од 43

Google translate

Следи нé

FacebookYouTubeTwitterScribdRSS

Се наоѓаш тука  : Почетна Вести и јавност МЦМС во медиумите