Групна социјална работа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Групна социјална работа PDF Print E-mail

Автори: Мирослав К. Пендароски, Мариа Доневска
Дата: 2017
ISBN: ISBN 978-608-4681-82-3
PDF:  grupna-socijalna-rabota.pdf

grupna socijalna rabotaГрупната работа е еден од основните методи во социјалната работа. Покрај индивидуалниот приод, работата во група е есенција на ширењето на „фронтот“ за севкупно подобрување на квалитетот на животот на човекот. Групата овозможува мултиаспектен поглед на човековите состојби, процеси, потреби, како и разбирање на внатредушевните и интерперсоналните конфликти. Групата како ниеден друг систем овозможува повеќеслојна перцепција на динамичкиот склоп на човекот како социјално битие. Човекот е зависно битие, тој се очовечува општејќи со другите.

Книгата се состои од четири глави.

Во првата глава авторите ги презентираат поимите група, групна работа и групна социјална работа. Во истата глава се бара одговор на прашањето за суштината на групната работа, нагласувајќи го нејзиниот мултидисциплинарен, широкоопфатен и мултидимензионален карактер.

Во втората глава авторите ги анализираат видовите групи во групната социјална работа. Поделбите се презентирани според Таузленд и Ривас (Тoseland, Rivas), Петерсон (Petterson), Застров (Zastrow). Посебно внимание им е посветено на третманските групи, бидејќи токму тие се карактеристични за групната социјална работа.

Третата глава нуди едно богатство на мисли анализирани во делата на врвни социјални психолози и методичари од областа на групната социјална работа, кои се однесуваат на групната динамика: односи во група, норми, структура, комуникација, улоги, кохезија, притисок, моќ, поддршка итн.

Последното поглавје е посебно важно од дидактичка гледна точка во едукацијата на водачи на групите. И тој проблем се анализира сестрано, почнувајќи од карактеристика на одлики на терапевти, модели на водство, стилови на раководење и вештини неопходни за групната работа. Исто така, во трудот се приложени интересни примери од практиката во користење на методот групна социјална работа.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications List of research and publications