Покана за конференција „Барометар за еднакви можности 2023: од перцепции и искуства до предлози за подобри политики против дискриминација“ Print
Friday, 17 November 2023 13:25

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) Ве поканува да учествувате на конференцијата: „Барометар за еднакви можности 2023: од перцепции и искуства до предлози за подобри политики против дискриминација“ на 04 декември (понеделник) 2023 година, од 10:30 часот во х. Холидеј Ин во Скопје.

Screenshot 2023 11 29 164254

МЦМС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје го подготвија извештајот Барометар за еднакви можности. Во овој извештај се анализирани наодите од теренската анкета која беше спроведена по четврти пат на репрезентативен примерок, во мај/јуни 2023 година, а со која се опфатени перцепциите и искуствата на граѓаните и граѓанките на полето дискриминација. 

Оваа конференција ќе биде подиум за институциите и граѓанскиот сектор да се сплотат во дискусијата и понатамошната реализација на сеопфатни мерки за борба со дискриминацијата во периодот што следи. Оттука, Вашето присуство ќе ни претставува посебна чест.

Ве молиме, Вашето учество да го пријавите на следниот линк: https://forms.gle/6wjzQGA525o6DC4cA најдоцна до 30 ноември (четврток) 2023 година. Пополнете засебна пријава за секој/а пријавен/а учесник/чка.

Во прилог се поканата и дневниот ред каде ќе можете да се информирате за планираниот тек на конференцијата и говорниците. Доколку имате прашања може да се обратите на емаил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it или тел: 070 414-669. 

Известување за приватност: На настанот ќе бидат правени снимки и фотографии. Овие снимки и фотографии ќе бидат споделени на веб-страниците и на социјалните мрежи на организациите вклучени во реализација на конференцијата, а истите ќе бидат споделени  и со донаторот за целите на програмското известување.


Related: