За задоволството од Владата во првите 100 дена и за претстојните локални избори - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

За задоволството од Владата во првите 100 дена и за претстојните локални избори PDF Print E-mail
Friday, 15 September 2017 13:52

Речиси 59% од граѓаните се задоволни (целосно или делумно) од работата на Владата во првите 100 дена наспроти 39,0% кои се незадоволни. Ова го покажаа резултатите од истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Телевизија Телма „100 дена Влада и локални избори“.

grafikon 1 1592017

Околу една третина од граѓаните (27,9%) сметаат дека Владата најмногу внимание им посветува на прашањата поврзани со интеграцијата во ЕУ и НАТО. На второ место е прашањето за името (8,6%), а потоа следуваат социјалната заштита (7,7%) и зголемувањето на работните места (7,4%) за кои пак, граѓаните сметаат дека Владата треба најмногу да им посвети внимание (34,2%). Според нив, на второ место треба да биде економскиот развој (18,4%), а на трето, здравството (10,4%). Планот на Владата 3-6-9 им е познат на 42,1% од граѓаните, но, 26,8% од нив не знаат што содржи. Мнозинство од испитаниците (57,1%) рекле дека рекле дека не знаат за тој план.

Кога се во прашање локалните избори, за големо мнозинство од граѓаните (79,8%) нема дилема дека ќе излезат и ќе гласаат. За мнозинството од испитаниците (60%), ова се редовни локални избори додека за една третина од нив (31,3%) станува збор за можност за проверка на рејтингот на политичките партии и евентуално распишување на предвремени парламентарни избори на пролет.

За 69,6% од граѓаните, клучна ќе биде конкретната понуда за решавање на локалните прашања односно, локален економски развој, комунални прашања и животна средина. За 10% од нив, важни ќе бидат ставовите на партијата за клучните национални прашања како што се договорот со Бугарија, мигрантската криза и односите сососедите. Аналогно на тоа, најголем број од испитаниците сметаат дека главни приоритети на градоначалниците треба да им бидат локалниот и економски развој (33,8%), на второ место е урбанистичкото планирање (18,3%), а на трето комуналните дејности (10,2%).

Изненадувачки е процентот на граѓани, симпатизираат одредена политичка партија (40,3%) кои рекле дека ќе гласаат за кандидати за градоначалник на друга политичка партија. Овој процент е прилично изедначен со процентот (43,1%) на оние кои рекле дека нема да гласаат за кандидатите на политичка партија чиј симпатизер не се (43,1%). За 44,0 % од испитаниците, не е проблем да гласаат за кандидати на други етнички заедници што е зголемување за 23,3 процентни поени споредено со анкетата за парламентарните избори во ноември 2016 година. Вкупно 43% од граѓаните нема да гласаат за кандидати на друга етничка заедница што е намалување во однос на истата анкета од ноември 2016 година кога мнозинство од испитаниците (68,5%) рекле дека нема да гласаат за кандидати од друга етничка заедница. Личноста на кандидатот, неговото образование, искуството и репутацијата ќе бидат пресудни во изборот за 47,1% од граѓаните. За 38,3%, клучно влијание ќе има изборната програма што ќе ја понуди кандидатот за градоначалник.

Зоран Заев (26,2%) го презеде од Никола Груевски (19,7%) лидерското место на листата на политичари со најголема доверба покажа истражувањето. Ова промена е проследена со промената во рејтингот на политичките партии па така сега 24,3% од граѓаните својот глас би го дале за СДСМ, додека процентот кај ВМРО-ДПМНЕ е 20,9%. Ова е промена од последните парламентарни избори за -6 процентни поени кај ВМРО-ДПМНЕ односно за -0,5 процентни поени кај СДСМ според изјаснувањето на граѓаните.

Во врска со резултатите од наводни анкети на МЦМС кои се појавија во претходните два дена не некои од медиумите (пр. Курир и Алфа, а потоа се преземени и од други медиуми и цитирани во соопштение на политичка партија) и беа презентирани како анкети на МЦМС во месец јули за рејтинзи на партиите, сакаме да демантираме дека таква анкета воопшто постои. МЦМС ниту нарачал, ниту спровел, ниту објавил било каква анкета за рејтинзиво јули (ниту во јуни, ни во август) оваа година, односно се работи за лажни/измислени вести (fake news).

МЦМС секогаш ги објавува своите истражувања и анкети на било која тема на својата веб-страница и тие се секогаш достапни за проверка. Подолу се прикажани податоците за рејтинзите на политичките партии направени во сите претходни анкети на МЦМС во изминатата година, а тие беа/се дел од проектот Топ тема на ваша страна што се спроведува во партнерство со Телевизија Телма и се исто така објавени и во таа емисија/телевизија.

Споредба на поддршката на политичките партии во сите анкети нарачани од МЦМС изминатава година

За која партија би гласале доколу утре се одржат парламентарни избори?

Ноември 2016

Ноември 2016

Февруари 2017

Мај 2017

Септември 2017

Вк. %

Вк. %

Вк. %

Вк. %

Вк. %

ВМРО ДПМНЕ

23,7

23.3

23.3

24,5

20,9

СДСМ

18,9

19.4

23.0

23,7

24,3

ДУИ

6,2

6.6

3.3

8,5

8,9

ДПА

3,3

3.3

2.2

0,9

0,6

Алијанса за Албанците

0,7

1.9

1.5

1,8

2,7

БЕСА

1,2

2.7

3.5

3,7

3,1

Друга

4,4

4.6

2.0

0,7

0,1

Ниту една

8,5

5.5

7.8

10,3

10,3

Не знам/Одбива да одговори

33,1

32.7

33.4

24,5

27,7

За МЦМС и Телма, анкетите ги спроведе М-проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 4 до 11 септември 2017 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1005 испитаници. Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, што го поддржа УСАИД.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News За задоволството од Владата во првите 100 дена и за претстојните локални избори