Отља со нов спортски терен - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Отља со нов спортски терен PDF Print E-mail
Thursday, 07 January 2016 00:00

Новата 2016 година на жителите на село Отља, општина Липково, кумановско, ќе им донесе нов спортски терен. Тоа беше резултатот од гласањето на последната сесија, во рамките на проектот „Акции во заедницата“.

otlja-1

На 25 декември, во населеното место Отља, се одржа третата акциска сесија, на чиј дневен ред беше гласање за четири предлог проекти и тоа: Водоснабдување на селото; Асфалтирање на улиците „Варезат е Дешмореве“ – „Џамија е Еперме“; Изградба и опремување на ново спортско игралиште; Изградба на детско игралиште со мал парк; Партерно уредување на училишниот двор. 

otlja-2

По презентацијата на предлог проектите учесниците, жителите на село Отља, дискутираа за нив, а монозинството одлучи да го поддржи проектот Изградба и опремување на ново спортско игралиште од отворен тип. Во основното училиште во селото досега немало игралиште каде младите и учениците би спортувале и би се рекреирале. Со ова ќе се реши еден долгогодишен проблем за анимација на младите во селото. Вкупниот фонд за овој проект е 25.000 британски фунти.

Проектот „Акции во заедницата“ го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Велика Британија во Република Македонија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Отља со нов спортски терен